ВМРО-ДПМНЕ лаже за наводни 3.500 тужби против МВР, велат од СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/19 4:23 PM

ВМРО-ДПМНЕ лаже за наводни 3.500 тужби против МВР, велат од СДСМ

Од СДСМ  ги отфрлија тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во првите пет месеци од оваа година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, посочувајќи дека бројот на тужби изнесува 1387.

Социјалдемократите сметаат дека полицијата е професионализирана и работи во служба на законите и во интерес на граѓаните, а на ВМРО-ДПМНЕ и’ возвраќаат дека никаков кредибилитет да зборува за професионални институции и правна држава.

ВМРО-ДПМНЕ направи вистински хаос во МВР, тие се навикнати на злоупотреби на институциите и за нив тоа е единствен начин на функционирање. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најавениот ветинг во полицијата, додаваат од СДСМ.