Арсенал си најде засилување по мерка и тоа бесплатно – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/19 4:04 PM

Арсенал си најде засилување по мерка и тоа бесплатно

Неколку африкански медиуми уште доцна синоќа објавија дека Арсенал и Јасин Браими се во сериозни преговори околу идна соработка.

На Алжирецот му истече договорот со Порто и може како слободен играч да преговара со заинтересираните страни, а дека нешто се подготвува објави токму и секогаш добро информираниот британски „Скај Спортс“.

Тоа фактички значи дека е прашање на време кога „Топчиите“ ќе го официјализираат трансферот на Браими на „Емирати“, а познато е и дека Алжирецот годишно ќе заработува околу 4.000.000 евра во престолнината на Англија.

Минатата сезона Јасин Браими забележа 13 гола и девет асистенции на 49 настапи за Порто, а доколку се биде во ред, ќе сстане првото летно засилување за екипата на Унаи Емери.

Извор: sportclub.mk