Од денеска поевтин роаминг кон земјите од регионот – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/19 3:09 PM

Од денеска поевтин роаминг кон земјите од регионот

Од денеска достапни се поевтини разговори, СМС пораки  и роаминг за сите граѓани од нашата земја кон земјите од Западен Балкан.

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора  се земјите од каде денеска може да релизирате поефтин  мобилен сообраќај. Повик ќе чини 5,04 денари по минута, а примање повици ќе изнесува 2,9 денари. СМС кон земјите од Западен Балкан ќе чини 2,6 денари, а интернетот ќе се реализира по цена од 1,9 денари по мегабајт . Цените се со вклучен ДДВ и важат за сите земји од Западен Балкан и сите оператори, појасни министерот за информатичко општество и администрација.

„Намалувањето на цените изразено во проценти значи дека Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора намалувањето е за 68% за појдовни повици, 31% во дојдовни повици, 71% за СМС и 89% за користење за интернет. Процентуалното намалување на сите услуги во Албанија и Косово е 93%. Разликата во намалувањето на цените изразено во проценти се должи на тоа што со првата група на земји  веќе претходно го имавме потпишано договорот за намалување на цените за роаминг, а додека со Албанија и Косово сега за прва пат склучуваме таков договор“, изјави Манчевски.

На 1 ви јули 2021 година, корисниците воопшто нема да плаќаат за користење на роаминг во земјите од Западен Балкан, тогаш во сила целосно ќе стапи „роаминг како дома“ по примерот на земјите од ЕУ, вели Манчевски.

„Овој договор беше и предуслов за почеток на процесот за намалување на цените и со земјите од Европската Унија., разговорите веќе се иицирани, а целта ќе биде набргу по 1 ви јули 2021 година  да се укине роамингот и со земјите од Европската Унија“, објасни Манчевски.

На новинарско прашање дали ќе има намалување на цените на роамингот кон Грција и Бугарија, Манчевски рече дека сепак политиката замешала прсти.

„Следниот викенд во Грција се одржуваат парламентарни избори, после тоа ќе ги продолжиме разговорите се со цел да се реализира сличен вид на намалување со Грција, веќе сме во разговори и со Бугарија, со министертсвото и помеѓу регулаторите веќе има иницијатива, но и самите оператори веќе договараат одредени пакети со кој што мислам дека брзо ќе можеме да излеземе и со конкретни информации за намалувањето на цените на роамингот и со Бугарија“, рече министерот за информатичко општетсво и администрација.

Од мобилните оператори со став дека ја поддржуваат иницијативата и покрај тоа што ќе им влијае на нивните приходи.

„Во однос на сите останати подобрувања сме во постојана комуниакција на релација Влада, оператори така што очекуваме да има позитивни ефекти“, вели Елена Панова, директор на маркетинг и продажба за приватни корисници во On Vip.

„Ова е партнерски проект и ние секако ќе работиме во корист на корисниците, на граѓаните на Република Северна Македонија. Се што е измеѓу може да се испегла и да се најдат заеднички решенија“, изјави Елена Велевска, односи со јавност од Македонски Телеком.

Намалувањето на цените во роаминг произлезе како заклучок од првиот дигитален самит кој се одржа во Скопје во 2018 година, а договорот беше потпишан на дигиталниот самит оваа година во Белград.