Нов градоначалник на општина Пустец, област Мала Преспа е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија.
Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, 859 гласови или 33,16 отсто. Темелко во три мандати беше градоначалник на Пустец.
Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.
За тоа каков ќе биде соодносот на членови во новиот состав на Советот на општината ќе се знае денес. Кандидатски листи имаа МАЕИ,која на овие избори настапи самостојно и само во оваа општина и коалицијата „Алијанса за европска Албанија” предводена од Социјалистичката партија. Советот брои 13 членови.