Предупредување за летувалците: Грчките полицајци намерно ги вадат табличките на српските и на македонските возила – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/19 9:08 AM

Предупредување за летувалците: Грчките полицајци намерно ги вадат табличките на српските и на македонските возила

Ако одлучите оваа година да летувате во Грција во сопствена режија, односно да тргнете со свој автомобил, добро внимавајте зашто одморот лесно може да ви се претвори во пекол, пишува српски „Телеграф“.

Тоа му се случи и на српско семејство на Халкидики. Грчките полицајци од возилото им ги симнале регистарските таблички.

– Бевме со децата на плажа и забележавме како полицајци ни’ ги вадат табличките од автомобилот. Им реков дека в недела треба да се враќаме дома, па ако може казната да ја платиме на лице место. За малку ќе ме обвинеа и за мито. Морав да одам дури до Касандра за да ја платам казната. Не ги интересираше што сме со деца. Кога ги прашав полицајците зошто од стотината грчки автомобили паркирани кај плажата никој не добива казна, тие семо рекоа дека тоа не е моја работа – раскажува човекот за „Телеграф“.

Полицијата, како по правило,  ги вадела табличките во петоците, главно од српски и од македнски возила. Потоа секој треба да помине по 30-40 километери (без таблички, со потврда) до Касандра во полиција, па во пошта за да ја плати казната од 40 евра, па потоа пак во полиција со потврда за платената кзна, но и со пријава за престој од хотелот. Ако ве фати викенд, ќе мора да чекате да дојде понеделник.