Денеска во Скопје освен што ќе се одржи првата Парада на гордоста, се организира и контра парада, односно Марш на гордоста кој има за цел да ги промовира традиционалните семејни вредности.
Маршот, кој е најавен под мотото „Сведоштвото ЗА семејството“ ќе го предводи Повардарскиот Митрополит Агатангел .
Прес службата на неговата епархија вчера соопшти дека пред почетокот на пoвopкaта владиката Агатангел во присуство на свештеници од сите епархии на МПЦ-ОА во Црквата Пресвета Богородица во Скопје ќе отслужи литургија, а потоа сите заедно ќе ја организираат пoвopкaта во oдбpaна на семејните вредности.