На ЕП 2020 во ракомет: Македонија во група со Чешка, Австрија и со Украина – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/19 6:51 AM

На ЕП 2020 во ракомет: Македонија во група со Чешка, Австрија и со Украина

Македонската машка ракометна репрезентација на Европското првенство во ракомет, кое ќе се одржи во јануари 2020 година во Австрија, Шведска и во Норвешка, ќе биде во Б-групата, заедно со Чешка, Австрија и со Украина. На синоќешното ждребување беше утврден составот и на другите пет групи со по четири репрезентации. Многу специфична е А-групата, во која ќе играат три екс-ЈУ земји – Хрватска, Србија и Црна Гора, плус Белорусија.

Во понатамошните натпревари на ЕП ќе се пласираат реперезентациите што ќе ги освојат првите и вторите места во шесте групи. Македонската репрезентација натпреварите ќе ги игра во Виена, па се очекува голема поддршка од наши навивачи.