Да има допрено глас до мене, како и до целата јавност и не застанав до тука. Прашав, проверив преку институциите и рекоа дека се води истрага. Истрагата ќе ги покаже резултатите, не сакам никого да обвинувам и драго ми е што се води истрага врз основа на допрен глас или на основа некоја конкретна пријава, изјави премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање за наводни изнудувања на пари од бизнисмен и поранешен градоначалник на скопска општина од страна на извесен сопственик на телевизија со псевдоним Коки.
-Дај боже да има докази за оваа работа да се расветли. Стојам на располагање ако можам да помогнам, да упатам институции без разлика дали е сегашен или поранешен градоначалник, бизнисмен, стопанстевниик. Тоа е уште поголема причина да дадам прилог во борбата против корупција, рекетарство, криминал или какво било незаконско работење, рече Заев на прашањето од пратеникот Антонио Милошоски.
На дополнителното прашање од пратеникот, дали знае за кого станува збор за псевдонимот на второ лице кој работел во тандем со извесен Кики, за кого се зборува дека е висок партиски функционер на СДСМ, со кого барале од нивна градоначалничка под уцена да им обезбеди бесплатна локација и одобрение за градба и неплаќање на комуналии во износ од еден милион евра за возрат на медиумски услуги, Заев рече дека нема намера да амнестира луѓе однапред за каква било работа, но оти се слушнал со таа градоначалничка, обидот бил потврден, но рече воопшто не дошло до реализација на такво дело..
-Јас претпоставувам, а и целата јавност, станува збор за дејствие кое што се случило пред една година. Има истрага, одредени луѓе биле да бараат локација и да бараат попуст на комуналиите заради јавен интерес на граѓаните. Одбиено е затоа што прво не постои таква локација, а второ ако постои и во иднина ако се организира таква локација, советот е надлежен дали ќе даде попуст за комуналии во зависност од јавниот интерес. Значи воопшто не дошло до реализација на тоа дело. Се случило такво дејствие, имало барање можеби од некои други луѓе. Но се барало локација за старечки дом и урбанизација на одредена локација со соодветна пренамена, што апсолутно е невозможно оти тоа оди со Генерален план, а Генерален план Битола нема намера да прави заради пренамена на локација. Надлежнста секако е на советот, но има истрага и таа треба да утврди за кој се однесува. Законот треба да важи еднакво за сите, а ако има аргументација и докази секој треба да си одговара. Без разлика дали е тоа член на високо раководство на СДСМ; дали е член на семејството на Заев, дали е сопстевник на медиум, дали е носител на власт, рече Заев .
МИА