Германскиот производител на звтомобили „Ауди“ повлекува 265.000 свои возила од САД за да отстрани два проблема. Се наведува дека првиот проблем се воздушните перничиња, а вториот – укрсните делови на тркалата.
Во најголем дел ќе се повлекуваат моделите „А3 седан“ и „А3 кабриолет“ произведени од 2015 до 2019 година, потоа „С3“ од 2015 и 2016, електричниот „СУВ е-трон“ од 2016 до 2018 година и „РС3“ од 2017 до 2019 година.
Повлекувањето почнува од 18 август.