По денешната најава од министерот за здравство Венко Филипче и државниот врв дека хирушката промена на полот отсега ќе се прави на државна сметка со остра реакција се јави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Како што вели не е против личните слободи и права, но тоа не треба да биде на товар на сметката на сите нас.
– Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметк. Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во представничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.
Министерот Филипче ваквата одлука ја соопшти на денешната регионална конференција за ЛГБТ правата која се одржа во Скопје, во пресрет на првата „Парада на гордоста“ која ќе се одржи во сабота.
кумановскимуабети.мк