Конечно и Барса призна: Нејмар сака да се врати! – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/19 3:58 PM

Конечно и Барса призна: Нејмар сака да се врати!

По низата шпекулации претходните денови заменик претседателот на Барселона, Жорди Кадонер призна дека Нејмар сака да се врати на Камп Ноу.

Сепак, тој ја олади ситуацијата тврдејќи дека и покрај се, уште немало никаков контакт, ниту преговори меѓу Барса и ПСЖ.

„Ние сме во процес на заминување на двајца фудбалери и тоа мораме да го завршиме до 30 јуни. Точна е информацијата дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но не е точно дека Барселона е загрижена за тоа. Сега оваа тема не е предмет на расправа. Постои тврдење дека сме го отпишале Нејмар, но тоа не е точно, никого не сме отпишале. Не ме чуди што Нејмар сака да се врати бидејќи во минатото се случувале вакви работи, како со Пике и Фабрегас“, објави Кардонер.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година и во тој период освои две титули во шпанското првенство и една во Лигата на шампионите.

Извор: sportclub.mk