Обвинителството дало налог да се вештачат мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалникот на Шуто Оризари и на лицето споменувано во снимениот материјал.
Телефонските апарати ќе се вештачат за да се добијат податоци за нивната меѓусебна комуникација и да се утврди дали на нив има неовластено снимани материјали.
Истовремено, побарано е од мобилните оператори да достават листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.
„Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности“ соопшптуваат од Обвинителството.