Невработеноста на младите луѓе во Македонија е прва во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/19 12:44 PM

Невработеноста на младите луѓе во Македонија е прва во Европа

Македонија е на врвот на листата со земји во Европа каде што млади луѓе на возраст од 20 до 34 години се невработени, ниту се дел од некој образовен процес или обука. Ова се податоците на „Евростат“ за 2018 година. На врвот се уште две балкански земји и Турција. Во Македонија оваа категорија опфаќа дури 36,3 отсто, што е повеќе од двојно од просекот на Европската Унија (16,5%).

Еден од шест луѓе (16,5%) на возраст од 20 до 34 години ниту бил вработен ниту бил во образовен или процес на обука во ЕУ во 2018 година. Тоа се околу 15 милиони млади луѓе.

Процентот варира во различни земји. Најнизок е во Шведска (8%), па Холандија (8,4%), Луксембург (9,9%) и Малта (10,1%). За споредба, најголеми проценти во земјите од ЕУ се забележани во Италија (28,9%) и во Грција (26,8%). Во двете земји-членки повеќе од четвртина од младите луѓе меѓу 20 и 34 години не се вработени, ниту се опфатени од образовни процеси.

 

Превземено од: Факултети.Мк