Ако некогаш посакате да дознаете каков е погледот од Ајфеловата кула, но при тоа имате страв од висина и имате вртоглавица или едноставно се уште сте немале можност да уживате во овој поглед, Google Maps ќе ви помогне во тоа. Сега може да уживате во неверојатниот поглед на врвот на Париз, удобно сместени пред вашиот компјутер, благодарејќи на Google Street View апликацијата.
Google Maps станаа нешто без што мал број на луѓе можат д аси го замислат секојдневието. Ако треба да пронајдете локален маркет, Google Maps ќе ви помогне да го пронајдете, а исто така ќе ве информира и колку време ќе ви биде потребно до посакуваната дестинација.
Сега Google Maps ќе ви овзоможи да се чувстувате како да сте на импресивните 324 метри надморска височина, колку што е висока Ајфеловата кула и ќе може да ги видите големиот број атракции на Париз, како Триумфалната капија, Монмартер, реката Сена или Нотр Дам.
Повеќе од 7 милиони луѓе годишно ја посетуваат Ајфеловата кула поради неверојатниот поглед, а повеќе од 250 милиони луѓе од целиот свет ја посетиле од нејзиното отворање во 1889 година.
Сепак иако толку многу луѓе ја посетиле Ајфеловата кула, скоро и да нема човек кој не би сакал во текот на својот живот да се качи на нејзиниот врв. Еве еден интересен фкт. Франсускиот писател Ги Де Мопасан толку ја мразел Ајфеловата кула што едовно пиел под неа. Причината за тоа бил фактот дека тоа било единственото место во Париз од каде што кулата не се гледа.