Најопасните Андроид апликации – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/19 8:04 AM

Најопасните Андроид апликации

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Сиднеј открило дека повеќе од 2000 Андроид апликации не поминуваат антивирусни тестови, иако овие апликации се симнати околу 70 милиони пати.

Продавницата „Play“ на Гугл има милиони апликации и игри. Но сите апликации не се безбедни,  многумина ги шпионираат своите корисници, ги крадат податоците или прикажуваат брдо огласи и штетни линкови.

Еве и некои кои се посебно омразени:

Quick Pic – се поврзува на сомнителни сервери во Кина и прикажува реклами;

ES Explorer – покажува константно реклами, бара симнување на додатни апликации;

UC Browse – иако е популарен, овој пребарувач испраќа порака до корисниците, како и сериски броеви на телефни, податоци за мрежата како и локација на корисникот;

DU Battery saver – апликацијата едноставно не работи, бидејќи не е можно апликација да влијае на батеријата или да го забрзува полнењето. Исто така, покажува голем број на реклами и сомнителни линкови;

Корисниците би требало да обрнат внимание на апликациите кои ги инсталираат на својот телефон, затоа што не само што злонамерните апликациите можат д аги украдат вашите податоци, туку можат вашиот телефон д аго заразат со вируси, па дури и до таму вашиот телефон да се расипе.