Во септември се очекува да се усвои конечниот текст на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам. Месециве се одвиваат дебати каде невладините даваат свои предлози и сугестии, во однос на конечната верзија за стратегија.
Невладините сметаат дека учењето на јазикот на другиот во образованието е основа да добиеме едно општество и овој предлог треба да биде ставен во стратегијата.
Во Стратегијата не треба да се предвидуваат мерки на толеранција кон нетолерантните групи и поединци.
Во септември се очекува да се усвои конечниот текст на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам.
Зоран Димовски