Ривалдо за разликата како тренерите ги гледат Меси, Роналдо и Нејмар во однос на останатите – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/19 4:30 PM

Ривалдо за разликата како тренерите ги гледат Меси, Роналдо и Нејмар во однос на останатите

Откако пред некој ден Луи Ван Гал во интервју го обвини Меси за преголем индивидуализам поради кој најмногу страда Барселона, сега легендарниот Ривалдо објаснува зошто тренерите не ги сакаат многу Меси и Роналдо.

Легендарниот Ривалдо кој во 1999 година беше член на Барселона, ја освои „златната топка“, па има своја теорија зошто играчи како Роналдо, Меси и Нејмар не се баш омилени кај тренерите.

„Меси, Нејмар и Кристијано се различни играчи, екипата итренерот не знаат како тие прават работи како да се од друга планета, па на многу тренери не им се допаѓаат поради нивниот индивидуализам. Токму поради таа причина тренерите преферираат да кажат дека овие тројца играчи знаат да направат добри работи за тимот, но само како поединци“.

„Да имате такви шампиони во тимот, тоа ви ја олеснува работата, но не значи дека и победите веднаш ќе дојдат со нив. Јас лично преферирам такви играчи бидејки фудбалот е радост и сите го сакаат она што е различно на терен. Тимот е секогаш најважен, но потребно е да имате играчи кои знаат да направат разлика“, смета Ривалдо.

Извор: sportclub.mk