Ова не се одбива: Интер нуди двајца фудбалери за да го добие Лукаку – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/19 4:27 PM

Ова не се одбива: Интер нуди двајца фудбалери за да го добие Лукаку

Интер има сериозни планови ова лето да направи голема промена во тимот кога станува збор за нападот.

Јасно е дека Мауро Икарди ќе го напушт тимот бидејќи Антониот Конте веќе го пречкрта, а неговото место многу извесно ќе го замени Един Џеко. Италијанските медиуми пренесуваат дека се чека само официјална потврда за трансфер на напаѓачот од Босна.

Но покрај Џеко, седмици наназад се шпекулира дека Интер го сака и Ромелу Лукаку. Овој тим испрати веќе неколку понуди до Манчестер Јунајтед, но добија негативен одгово.

Сепак Интер не се откажува од репрезентативецот на Белгија, а англиските медиуми пренесуваат дека подготвува неверојатна понуда. ЕСПН објави дека „нераѕурите“ се подготвени да го дадат Икарди и Најголана во заем на Лукаку.

Интер вака сака да избегне да плати 80 милиони евра. Икарди би бил замене за Лукаку, додека Најголан би го надокнадил заминувањето на Ерера.

Извор: sportclub.mk