Кумановец уценувал девојка дека ако не му даде 3.000 евра ќе објави нејзини фотографии, соопшти полицијата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против дваесет и седум годишниот А.А. од село Љубодраг, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 19. мај годинава на социјалната мрежа „Facebook“, од негов профил, пријавениот ѝ се заканил на девојка од Куманово дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде 3.000 евра.