Сообраќајна незгода се случила на третиот километар на излезот на патот на Штип кон Радовиш.
Четиринаесетгодишник на велосипед бил удрен со возило. Од полицијата ја потврдуваат сообраќајната незгода, информирајќи дека по ударот возачот на автомобилот не застанал туку избегал од местото на незгодата.
Велосипедистот веднаш бил префрлен во Штипската клиничка болница каде му биле констатирани лесни телесни повреди и бил пуштен на дома.
Од сообраќајната полиција трагаат по несовесниот возач којшто не застанал и не му помогнал на четиринаесетгодишното момче, коешто за среќа поминало со полесни повреди.