Во центарот на градот Раб, на истоимениот хрватски остров, утврдено е присуство на експлозивен гас, поради што дел од градот е затворен, а се евакуирани 80 жители и туристи.
Гасот, како што пишуваат хрватски медиуми, е почувствуван уште во понеделникот вечерта. Се’ се интензивирало синоќа, кога пожарникарите утврдиле дека гасот го има во експлозивна концентрација и оти под градското јадро има „езеро од гас“.
Состојбата и понатаму е непроменета, а колку тоа ќе потрае, засега е тешко да се процени. Не теренот се пожарникари, полиција и локалната служба за цивилна заштита.
„Дојде до пукање на гасниот цевковод и низ таа дупка гасот истече во земјата. Под градското јадро имаме езеро од гас. Успеавме да го ограничиме движењето и сега можеме само да чекаме природата да го направи своето и концентрацијата да се исчисти“, вели командирот на пожарникарите на Раб, Миливој Личина.
Центарот на Раб е заграден, а целото подрачје го осигурува полиција.