Оставка од градоначалникот на Шуто Оризари доколку истрагата покаже негова одговорност – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/19 8:31 PM

Оставка од градоначалникот на Шуто Оризари доколку истрагата покаже негова одговорност

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе мора да поднесе оставка доколку истрагатата го потврди и поради тоа треба да сноси одговорност. Ова е ставот на премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев прашан за објавената снимка со градоначалникот на Општина Шуто Оризари.

-Тоа е видо снимка што се појавила на социјалните мрежи и оставам органите на истрагата тоа да го потврдат. Апелирам да се истражи. Законот мора да важи за сите. Секако ако се потврди во истрагата дека е тоа точна треба да си носи одговорност. Секако и јас сум првиот што ќе побарам оставка. Оваа Влада покажа и досега. Првиот дел имаме осум сменети министри, сега имаме шест. Директори се сменија и ќе се сменат. Никогаш не било така да се има таква одговорност, но сите треба да тргнеме од личната одговорност и затоа при вакви случаи дефинитивно ако истрагата потврди она што го видовме буквално дека е такво и кога ќе се утврдат сите околности, зошто фер е да се слушне и другата страна за тоа што била причината, рече премиерот Зоран Заев.