Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/19 6:53 PM

Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица

Владата на Република Северна Македонија денеска на седница го задолжи Министерството за економија да ја испитува правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.