Педесеттина овци ноќеска биле убиени и масакарирани од кучиња скитници во фармата во сопственост на семејството Узеири од струшкото село Теферич. Голем број од овците , како што велат сточарите, требало за неколку денови да родат млади јагниња.
За само десет дена ова е втор ваков случај, а за три месеци трет и тоа кај овие исти луѓе. Досегашните штети ги проценуваат на повеќе од 12 илјади евра. Од вкупно 140 овци колку што првично имале, сега им останале само уште 40. Велат дека до сега немаат никаква помош од ниту една институција.
Од општина Струга информираат дека сопствениците на овците досега не поднеле никакво барање или жалба во локалната самоуправа. Инаку, од Ветеринарниот инспекторат при првичната контрола во месец март, кога се служи претходниот колеж на овци, било утврдено дека нанесените повреди се од кучиња. Сопствениците тогаш поднеле тужба до општина Струга и се судат со Јавното комунално претпријатие барајки надомест на претпрпената штета.