Законот за енергетика и новите состојби во енергетскиот сектор се тема на работилницата која денеска и утре се одржува во Охрид. На настанот се обратија претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, како и претставници на УСАИД.
Во текот на утрешниот ден, меѓу другото, предвидено е да се обратат и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, но и претставници на консултантската компанија АФ Консалт.
Собранието го донесе новиот Закон за енергетика, по низата забелешки од Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) за нашата земја, во однос на што се случува во енергетиката и спроведувањето на европските директиви.