Советот на Општина Гостивар конечно го изгласа ребалансот на буџетот на Општина Гостивар, со 29 гласа „за“, без против и воздржани. За оваа предлог точка немаше многу дискусија
На седницата беше усвоена и промената на Статутот на Општина Гостивар, каде зборовите „Република Македонија” се заменуваат со „Република Северна Македонија”. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бараше изземање на оваа точка на дневниот ред, но нивниот предлог не беше прифатен, по што промената се усвои до 25 гласа „за“ и три гласа „против“.
Зоран Димoвски