Mакедонски борач, Бесир Алили кој освои златен медал на Европското првенство за кадети, во категоријата до 48 килограми ќе добие еден милион денари од Агенцијата за млади и спорт. Ова денеска на социјалната мрежа Фејсбук, го објави директорот на АМС, Дарко Каевски.
-Во мое име и во името на Агенцијата за млади и спорт имав чест да му честитам на златното момче Бесир Алили кој ни се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија. Драго ми е што Бесир е дел од програмата при АМС за млади спортски надежи која што секојдневно стручно ги следи 30 тина индивидуални спортисти од Олимписките спортови и ги поддржува да партиципираат на големи натпреварувања како ова Европско првенство – стои во објавата на Каевски.
За „златното момче“ како што многумина го нарекоа, вчера беше организиран пречек и на плоштадот Скендербег во Скопје.