Фото: Архива/Центар за екологија и енергетика на Босна и Херцеговина
Итно да се преземат мерки против аерозагадувањето во Тузла – апелираат тамошните еколошки групи, кои предупредуваат дека концентрацијата на прашина во воздухот е далеку над дозволеното ниво и предизвикува прерана смрт.
Во извештајот што денеска го објавија групацијата Бенквоч Нетворк, Алијансата за здравје и животна средина и Центарот за екологија и енергетика на Босна и Херцеговина се бара властите да се откажат од плановите за изградба на друга работна единица во локална термоцентрала што користи лигнит.
Тие заклучуваат дека главна причина за загадувањето во Тузла е пепелта од термоцентралата и блискиот рудник и истакнуваат дека загадувањето на воздухот во Тузла е двојно поголемо отколку што е дозволено во 75 проценти од деновите кога е вршено мерење во 2018 година. Тоа според нив, е причина за 100 предвремени смртни случаи.
Од Тузла засега нема официјална реакција на извештајот.