Од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, и од вашиот медиум којшто го пренесе текстот, бараме извинување за тенденциозната статија насловена „Царовска побогата за 1.3 милиони евра, Шеќеринска купила мотор Оутландер“. Констатацијата дека министерката Царвоска се „збогатила“ за 1.3 милиони евра во рок од една година е неточна. Иако МТСП навремено и целосно го информираше Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија за имотот на министерката, информациите кои се изнесени од страна на овој медиум се тенденциозни и целосно невистинити.
Како што веќе појасни МТСП, тука воопшто не станува збор за ново стекнат имот, туку надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој министерката не живее во исто домаќинство. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави. Министерката ниту е сопственик, ниту располага со овој имот.
Согласно овие информации, МТСП бара од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и од вашиот медиум да ги повлече лажните информации и јавно да се извини за нивно објавување.
Со почит,
Министерството за труд и социјална политика