Финансиската полиција спроведува акција во Љуботен поради шверц со акцизна стока и царинска измама – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/19 10:29 AM

Финансиската полиција спроведува акција во Љуботен поради шверц со акцизна стока и царинска измама

Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.

Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.

– Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

МИА