Луѓе за кои никогаш не би рекле – всушност страдаат од депресија! – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/19 3:45 PM

Луѓе за кои никогаш не би рекле – всушност страдаат од депресија!

Депресијата и анксиозноста на секој човек се манифестираат поинаку. Психијатриската асоцијација открила дури девет форми на депресија, но надворешното смеење и внатрешно умирање сè уште не доспеале на оваа листа.

Многу духовити и среќни луѓе што ги познавате често се депресивни. Хуморот и смеата можат да потекнуваат од најмрачните делови на душата. Обично мислите дека луѓето што постојано се шегуваат и се смеат всушност живеат исто таков живот, но тоа не е вистина.

Тесната врска меѓу хуморот и депресијата била разгледувана кога актерот Робин Вилијамс си го одзеде животот. Токму починатиот актер во една прилика го објасни овој феномен:

-Мислам дека најтажните луѓе се трудат да ги насмеат другите затоа што само тие знаат што значи кога се чувствувате безвредно и не сакате другите да се чувствуваат така, изјавил еднаш Робин Вилијамс.

Луѓето кои постојано се шегуваат всушност не сакаат да го отстранат тој параван затоа што тогаш ќе ви покажат кои се тие навистина, а тие мислат дека таа личност е безвредна.

Извор: denar.mk