Истражувањето на 750 корисници на Фејсбук, Твитер и Инстаграм има интересни резултати – оние несигурните секогаш имаат поромантични и љубовни постови за разлика од просечните корисници.
Низ ова истражување биле испитувани навиките на корисниците и тоа што ги мотивира да објават статус. Резултатите покажале дека различните типови на статуси се тесно поврзани со различните карактерни особини.
Отворените личности често споделуваат приватни информации, објавуваат фотографии од патувањата, забавите и слично.
Нарцисоидните типови обично постојано ги известуваат пријателите за своите успеси, додека луѓето со недостаток на самодоверба најчесто објавуваат романтични пораки и слики.
Сега проверете си го Фејсбук профилот и заклучете колкава е вашата самодоверба според сите плишани мечиња, срциња и љубовни стихови кои сте ги објавиле.
Дали спаѓате меѓу несигурните?