Карбинци продава парцели во индустриската зона – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/19 2:58 PM

Карбинци продава парцели во индустриската зона

Општина Карбинци распиша нов оглас за продажба на градежно земјиште во индустриската зона. Секретарот на Општина Карбинци, Делчо Стоилов вели дека на продажба се четири градежни парцели со вкупна површина од 8.229 метри квадратни. Три од нив се наменети за лесна и незагадувачка индустрија, а еден за угостителство и сместување.

Вкупно, од продажбата на овие четири парцели, Карбинци се надева  на 1.300.000  до 1.500.000 денари.

Трите парцели се со почетна цена од 118 денари м/2 , а четвртата е со цена од 250 денари м/2 “, кажа Стоилов.

Главна стопанска гранка во Карбинци е земјоделието, но локална власт се врти и кон стопанството, во обид младите да ги задржи овде.

Собраните средства ќе ги инвестираме во инфрастуктура, но целта ни е да го развиеме стопанството и да ја намалиме невработеноста. Очекуваме вработување на 80 до 100 лица од Општината”, вели градоначалникот на Општина Карбинци,  Јордан Насев.

Во индустриската зона во Карбинци досега има продадено само три парцели, но изграден е само еден објект и тоа бензинската пумпа.