Манчевски: Департизација на јавниот сектор со законот за висока раководна служба со вклучување на граѓанскиот сектор – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/19 12:38 PM

Манчевски: Департизација на јавниот сектор со законот за висока раководна служба со вклучување на граѓанскиот сектор

Реорганизација и оптимизација на институциите на системот за реформи на јавната администрација, и целосна деполитизација на јавниот сектор со законот за висока раководна служба со вклучување на граѓанскиот сектор најави Манчевски во процесот на имплементација на реформата.

Македонија не доби датум за преговори во јули, но треба да се продолжи со реформите со уште позабрзано темпо пред се во функција на граѓаните за тие да почувстуваат бенефит од  реформите.

„Европската унија од своја страна треба да направи се, за да ја сочува визијата за Европската Унија на нашата и сите други во регионот, но исто така и да ја заштити својата улога на главен двигател во регионот“ , вели Санта Аргирова, од „Фондацијата отворено општество“ на денешниот завршен  проект на тема „Набљудување на реформите во јавната администрација од страна на граѓанските организации“.

Најголемата работа што е направена е усвојувањето на стратегијата за реформата на јавната администрација, која што важи 4 години, сметаат од Евротинк.

„Помина времето на консолидација, сега треба да дојде времето на резултати. Би ве повикале вас како новинари и државните чинители и граѓанските организации да прават притисок врз Владата, да видат како таа стратегија ќе се одтварува“, вели Љупчо Петковски, извршен директор на „Евротинк – Центар за европски стратегии“.

Министерот Дамјан Манчевски вели дека она што е важно е дека  влегуваме во реализација на сериозни проекти, како реорганизација и оптимизација на институциите на системот како и департизација на јавниот сектор со законот за висока раководна служба со вклучување на граѓанскиот сектор.

„За нас ова е многу важен настан затоа што едно е да се слушне од надворешен аспект како се одвива имплементација, но навистина треба да ги слушнеме и препораките, критиките од граѓанските организации. Јас сакам да го поздравам начинот на кој што се следи имплементацијата и од страна на граѓанските организации, нас ни е навистина битно нивното мислење со цел да обезбедиме подобра реализација на активностите и во следниот период“, појасни Манчевски.

Треба да бидат запазени критериуми на така наречената деполитизацијано и департизација, смета францускиот амбасадор Кристиан Тимоние и тој и Франција главно ќе бидат фокусирани на објективните критериуми и фактори.

„Од 2000 година ние веќе ги започнавме нашите соработки со вишата школа за администрација, трпеливи сме а исто така тие претходно усвоени реформи во Париз ќе бидат усвоени в секретаријатот за европски прашања во македонската влада“, изјав Тимоние.

Проектот е изведен во соработка со Евротинк,Европската Унија како партнер и донатор и 12 грантисти.