Нов обид за обнова на Титовиот „Галеб“ – 33,6 милиони куни за пренамена во музеј – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/19 10:07 AM

Нов обид за обнова на Титовиот „Галеб“ – 33,6 милиони куни за пренамена во музеј

Градот Риека објави нов оглас за обнова на бродот „Гаеб“, кој беше пловечка резиденција на Јосип Броз Тито, пишуваат хрватски медиуми. Проценетата вредност на работите за обнова на бродот изнесуваа 33,6 милиони куни без ДДВ. На првиот оглас таа проценета вредност беше 27,67 милиони куни, но тогаш стигна само една понуда која значително го надминувала тој износ. Бродоградилиштето „Виктор Ленац“ тогаш понуди дека ќе го обнови „Галеб“ за 59,96 милиони куни, па риечките власти го поништија огласот.

Градот Риека доби 28,22 милиони куни неповратни средства од ЕУ за рекоснтрукција на „Галеб“, а и Градот ќе вложи свои средства за реализација на проектот.

Ќе се работи во неколку фази на обновата и пренамената на „Галеб“ во музеј со придружни комерцијални содржини