Во раните утрински часови, кај Стоунхенџ, илјадници луѓе го дочекаа изгрејсонцето на летната долгодневица, најдолгиот ден во годината, и му се поклонија на сонцето.
Утрово во рани зори илјадници го дочекаа денот околу британскиот споменик Стоунхенџ во чест на летната долгоденица.
Сонцето се појави на чистиот хоризонт во 4.52 часот утрово на воодушевување на присутните околу неолитскиот споменик во Вилтшир.
„Беше убаво , со пријателска атмосфера, сонцето светна низ Стоунхенџ, дочекано со гоем аплауз и овации” , вели директорката на English Heritage’s Stonehenge, Кејт Логан.
На изгрејсонце на најдолгиот ден во годината , првиот сончев зрак минува низ главната порта на Стоунхенџ , поради што се верува дека околу овој споменик со илјадници години се одржувале ритуали во чест на Сонцето.
преземено-прессцентар.мк