Кривична за осумнаесетгодишник за дистрибуција на детска порнографија – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/19 10:04 AM

Кривична за осумнаесетгодишник за дистрибуција на детска порнографија

Кривична пријава против 18-годишник од беровското село Русиново поради основано сомнение за „производство и диструбуција на детска порнографија“, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово.

Како што информираат од МВР, Б. М.од беровското село Русиново, на социјалните мрежи „Messеnger“ и „Instagram“ примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка од беровско село, по што ги дистрибуирал до трето лице.