Страшна експлозија: Во Филаделфија гори наголемата рафинерија во источна Америка – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/19 12:08 PM

Страшна експлозија: Во Филаделфија гори наголемата рафинерија во источна Америка

Огромни експлозии во една од најголемите амеркански рафенирерии на нафта во Јужна Филаделфија. Локалните медиуми јавуваат дека од најсилната екплозија се треселе околните згради, на небото се појавила огнена топка, а луѓето што живеат во близина велат дека по експлозијата разни предмети и делови паѓале во нивните населби. Огнот и чадот, како што наведува НБЦ, биле видливи со километри.

Засега нема податоци за жртви. Во рафинеријата работат околу 1.000 луѓе, а дневно преработува 335.000 барели сурова нафта.