Најчудното село во светот – мнозинството жители му се осудени педофили – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/19 11:16 AM

Најчудното село во светот – мнозинството жители му се осудени педофили

Селото Миракле се наоѓа на Флорида, САД, и ја крие тајната дека мнозинството негови жители се озлогласени педофили кои до крајот на животот немаат право да се вратат во заедницата. Тие на некој начин се протерани и сочинуваат нешто над 50 отсто од жителите на Миракле. На прв поглед, изгледаат нормално и речиси сите тврдат дека биле неправедно осудени.

Крис Досон вели дека е осуден и протеран во Миракле бидејќи имал сексуален оснос со 14-годишно девојче за кое тврди дека го излажало оти има 18 години, а тоа му го тврделе и нејзините пријателки.

„Бев наивен, поверував. Мислам дек заслужувам нова шанса да живеам нормален живот“, вели Крис.

Тој во локалната црква успеал да пронајде нова девојка, која знаела дека е осуден педофил.

„На почетокот се двоумев, но одлучив да му дадам шанса на Крис. Кога подобро го запознав, сфатив оти не сум погрешила“, истакнува Лекси (25).

Градоначалникот на Пахокеј своевремено изјавил дека не бил свесен дека селото е „легло на педофили“ и оти верувал дека престојот на толку голем број осуденици на едно место е многу ризичен за целиот округ.