Челниците на 28. земји-членки на ЕУ, кои се на дводневен самит, расправаат за именувањата на нови челни луѓе на европските институции.
Како што соноќа објавил германски „Билд“, а пренесуваат хрватски медиуми, од Елисејската палата протекла информација дека Франција би можела да ја прифати на челното место во ЕУ хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која целиот свет веќе добро ја познава по бакнежите со францускиот претседател Макрон откако Хрватска го загуби финалето на Светското првенство во фудбал.
Освен хрватската претседателка, во игра за претседател на Европската комисија наводно биле десетина кандидати, меѓу кои и литванската претседателка, потоа Кристалина Георгиева од Сетска банка, а се споменува и хрватскиот премиер Пленковиќ.