Новинарот Бранко Геровски претпладнево отиде во седиштето на СДСМ, откако објави дека синоќа добил закани од лице кое се претставило како обезбедување во партијата. Заканата следува по неколкуте текстови што ги објави Героски, а кои се однесуваат на рекетарска шема во земјава .
Синоќешниот напис зборува за односот на сопственик на телевизија и група од власта која како што тврди новинарот рекетира на големо, а дел од парите завршуваат во медиумот,
„Сношти примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на СДСМ. Јавно на Фејсбук побарав лидерот на партијата и партијата да се изјаснат вов рска со тоа и се најавив како гостин во партијата за да расчистам за што станува збор. Од луѓето од секторот за комуникации бев известен дека ова лице не евработено во обезбедувањето на СДСМ ниту во СДСМ. На мене останува да одлучам дали ќе го пријавам случајот во полиција и да барам сатсфакција во законска процедура. Ова е единствената писмена закана после серијата написи кои предизвика амалку бура во јавноста. Настаните како дофрлање на улица и снимање зад грб ми станаа веќе секојдневие, но тие работи не ги сметам за закани затоа што се навикнав. Ова беше нешо друго, поради што морав да дојдам тука и да добијам елементарна информација што се случува“, посочи новинарот.
Од партијата сепак тврдат дека лицето не е дел од нивното обезбедување, но не знаат дали членува во партијата.
„Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме“, изјави партискиот портпарол, Костадин Костадинов.
Геровски се сретна и со претседателот Стево Пендаровски, кој како што соопштија од кабинетот, укажал дека новинарите треба да работат слободно и без притисоци.


