Јавен повик за работа во службите на патронажна дејност за медицински сестри – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/19 10:39 AM

Јавен повик за работа во службите на патронажна дејност за медицински сестри

Со цел обезбедување на спроведувањето на патронажната дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност на територијата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност, да се пријават и достават писмо за интерес до Министерството за здравство.

Согласно Законот за здравствената заштита, соопштија денеска од Министерството за здравство, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит.

– Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста, се појаснува во соопштението од МЗ.