На состанокот што шефот на “Алтернатива”, Африм Гаши што го одржа во понеделникот со премиерот Зоран Заев, беше одлучено Министерството за култура да продолжи да ја води партијата на Гаши, пишува весникот Лајм.
Гаши, за време на состанокот, на Заев му го предложи името на професорот по медицина, Хисни Исмаили како предлог за функцијата министер за култура. Професорот од Тетово, Хисни Исмаили, е предавач на Медицинскиот факултет на Тетовскиот унувезитет.
Премиерот Заев треба да го достави предлогот до Собранието, а формирањето на владата се очекува да се случи до вторник
Објавено на: 06/21/19 10:29 AM