Тој објасни дека сценаристите имале проблем во пет часа серија да го сместат сето она што се случувало две години, а одлуката за отстапување од вистинскиот редослед на настаните претставува „уметнички мотивиран избор“ и желба максимално да им се долови на гледачите целата приказна.
Мејзин како пример го наведува падот на хеликоптерот во реакторот, велејќи дека времето свесно морало да биде променето, затоа што во спротивно епизодата не би можела да влезе во серијата. Ја коментира и сцената со голите рудари, наведувајќи дека тие факти ги нашол во книгата на белоруската нобеловка Светлана Алексиевич „Чернобилска молитва“.
Едниот од авторите на серијата истакна и дека судејќи според сѐ ја предимензионирал втората експлозија која можела да се случи доколку горивото од реакторот дошло до резервоарот за вода. Во серијата прикажаната експлозија е со сила од два до четири мегатона, додека во реалноста, како што тврдат стручњаците, се работи за дијапазон изразен во килотони.
Мејзин снимил подкаст во кој објаснува што точно, во споредба со актуелните настани, е променeто во серијата.
Тој вели дека на некои неточности во серијата не треба да се гледа како на грешка, туку дека тоа е поинаков поглед на настаните. Продуцент на серијата во потрагата по информации, како што наведува тој, користел разни извори и настојувал максимално прецизно да го пренесе сето она што се случувало во моментот на хаваријата и по неа.
Снимен во продукција на каналот Ејч-Би-Оу „Чернобил“, според оцените на посетителите на сајтот Internet Movie Database (IMDB) е најдобрата серија на сите времиња. Серијата од пет дела се занимава со хаваријата што се случи во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година, како и натчовечките напори вложени во отстранувањето на нејзините последици.
Интересно е што туристичката посета на чернобилската „зона на исклучување“ по прикажувањето на серијата порасна за 40 отсто.