Утре во Македонската радио телевизија ќе се одржи аудиција за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува нашата држава на Јуниорски Евросонг 2019 во Гливице, Полска.
Како што информираат од МРТ, децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација на 24 ноември и треба да исполнат две композиции по сопствен избор. Дозволен е караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук аудио ЦД.
Пријавувањето за аудиција е отворено од 20 јуни до 4 јули годинава.