Дебата за организираниот криминал во западен Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/19 7:15 AM

Дебата за организираниот криминал во западен Балкан

„Граѓанското општество против организираниот криминал во Западен Балкан” е насловот на дебатата што денеска ќе се одржи во организација на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал од Виена и онлајн магазинот Инбокс 7.

На дебатата ќе биде претставен извештајот што ги опишува жешките точки на организираниот прекуграничен криминал објавен неодамна од Глобалната иницијатива.

Покрај извештајот на дебатата ќе присуствува и ќе се обрати и Џовани Кеслер, поранешен директор на ОЛАФ до 2018 година, поранешен обвинител на Италија. Кеслер кариерата како обвинител ја почнува во Сицилија во канцеларијата на најпознатиот обвинител во светот Џовани Фалконе, убиен од мафијата во 80-тите години.

МИА