Новите социјални реформи започнаа да се спроведуваат во пракса. Согласно Законот за социјална сигурност на стари лица кој е дел од социјалната реформа во Центарот за социјална работа во Гостивар, во тек е пријавувањето за остварување на ова право.
Од Центарот за социјални работи Гостивар велат дека социјалната пензија ќе изнесува 6000 денари. Право на надоместокот за социјална сигурност на стари лица, имаат сите лица над 65 години, коишто се македонски државјани најмалку 15 години, и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.
Заинтересираните треба да поднесат барање до центарот. Останатите бирократски порцедури ги завршуваат социјалните служби. Тие документацијата ја обезбедуваат по службен пат од останатите институции.
Зоран Димовски