Во Делчево доделени решнијата за старт на изградбата на инфраструктурата во населба Басарица – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/19 12:19 PM

Во Делчево доделени решнијата за старт на изградбата на инфраструктурата во населба Басарица

Општина Делчево ги доби решенијата од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со кои се одобрува финансиска поддршка, за реализација на два капитални проекти во населбите Басарица и Полето.
Станува збор за проекти во вредност од над 30 милиони денари, средства кои ќе бидат наменети за изградба на патна инфраструктура во населбата Басарица, како и канализација во населбата Басарица и Полето.
Градоначалникот Горан Трајковски на денешната прес-конференција, го потенцираше значењето на реализацијата на овие инфраструктурни проекти.
– Населбата Басарица иако повеќе од две децении е урбанизирана, досега немаше изградено патна инфраструктура. Сведоци бевме дека долго време жителите на оваа населба газеа кал и живееја во прашина, а со реализацијата на овој проект, конечно, оваа населба ќе наликува на една урбана средина. Како градоначалник кој сака да ги решава проблемите ја изработивме и првата техничка документација со која во оваа населба предвидена е и изградба на 6 улици во должина од 1 километар, како и канализациска линија во должина од 2 километри која поминува низ дел од населбата Басарица и оди за село Полето, истакна Трајковски.
Додава, дека вредноста за изградба на патната инфраструктура и канализацијата е над 25 милиони денари.
Во рамките на проектот аплициран по мерката 322 за инвестиции за изградба или реконструкција на улици во руралните средства, предвидена е изградба на 6 улици во населбата Басарица меѓу кои улиците „Св.Троица, „Киселичка”, „Бигланска”,„Драмечка”, „Басаричка” и „Селничка”. Вториот проект аплициран по мерката 321, се однесува на изградба на 4 крака на канализациски системи во населбата Басарица и Полето, во должина од 2000 метри.
Трајковски истакна дека тендерот за реализација на инфраструктурните проекти во населбата Басарица и Полето, ќе биде објавен во текот на овој месец, а се очекува градежните работи да започнат во август