Промоција и јакнење на пријателските врски, е целта на потпишаниот Меморандумот за соработка и пријателство меѓу Општина Бутел и Градот Мостар.
Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и Радмила Комадина, директор на административната градска управа на Мостар, со парафирањето на меморандумот се заложија за развивање и јакнење на врските меѓу двете општини и народите на Северна Маедонија и Босна и Херцеговина.
Во рамки на посетата на Меѓународниот саем по повод Денови на црешата, градоначалникот Смилевски имаше и средба со претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, како и со преставници на локалните самоуправи од регионот, соопшти Општина Бутел.
МИА