Три години затвор за обвинетата за сообраќајката во која загина малолетен велосипедист – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 2:40 PM

Три години затвор за обвинетата за сообраќајката во која загина малолетен велосипедист

Тригодишна затворска казна заработи М.Л., која беше обвинета за сообраќајната несреќа што во 2015 година се случи на „Илинденска“ во Скопје, а во која животот го загуби тринаесетгодишен велоиспедист.

Пресудата денеска ја објави Основниот кривичен суд – Скопје, кој соопшти дека  М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член  300 ст. 4 од Кривичниот законик“ и е осудена на казна затвор во траење од три години.

Судот посочува дека против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Сообраќајната несреќа се случи на 18 септември 2015 година на булеварот „Илинденска” кај Градскиот парк, а во текот на постапката беа изведени шест вештачења.

– Како што беше наведено и при објавата на пресудата, Судот смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и  почитување на законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници – посочуваат од Кривичниот суд.